ОПШТА МЕДИЦИНА
Основата на здравјето на секој поединец претставува општиот лекарски преглед,при кој се дијагностицираат можните нарушувањата на здравјето. Првиот чекор кој го превземаме при било каква непријатност е јавување кон нашиот матичен доктор. Од таму почнува целиот процес на вашето лекување и токму затоа изборот на матичен доктор е многу важна одлука која треба да ја донесете. Поликлиника Ла Вита располага со тим на професионалци со долгогодишно искуство во областа на општата медицина, способни за дијагностицирање и адекватно решавање на секој предизвик. Во општата медицина како бранша влегуваат:
• Преглед и советување од страна на доктор по општа медицина (матичен доктор);
• Издавање на рецепти и упати (специјалистички, болнички, рентген, лабораториски);
• Апликација на ампуларна терапија (интрамускулни, интравенски и субкутани инјекции);
• Одредување на гликемија во капиларна крв;

ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ Е НАША ГРИЖА
ЗАКАЖИ ПРЕГЛЕД СЕГА
Helicobacter е една од главните причини за предизвикување на гастрични чирови, а при најлоши случаеви може и да предизвика и карцином при ненавремено третирање. Раната детекција е главен лек за да се избегнат непотребни компликации. Во поликлиника Ла Вита може да ја детектирате навреме оваа бактерија и да ги избегнете сите овие непогодности.
Шеќерната болест или дијабетес е нарушување што се манифестира со зголемено ниво на шеќерот во крвта. Таа настанува кога панкреасот престанува делумно или целосно да го произведува хормонот инсулин или пак инсулинот не е ефикасен во извршување на неговата функција. Со ова се спречува снабдувањето на клетките со храна, а шеќерот се акумулира во крвта и предизвикува оштетување на самите крвни садови. Со тек на време настанува оштетување на други органи, особено бубрезите, нервите и очите. Затоа многу е важно е да ги мерите нивоата на шеќер во крвта, а тоа може да го извршите токму во поликлиника Ла Вита
Инхалацијата е најпрепорачана метода за терапија при заболување на дишните патишта. Тоа е така бидејќи лекот за заболувањето се внесува во форма на аеросол (смеса на воздух и медикамент) и со тоа се користи многу помала доза на лекот, со што се намалуваат шансите за несакани ефекти од користење на лекот. Во поликлика Ла Вита ја нудиме оваа услуга за деца и за возрасни.
Инфрацрвеното топлинско зрачење се користи за загревање на воспалените синуси, особено во хронична фаза. Не е препорачливо за деца, па оваа услуга ја даваме само на возрасни.
Преку 80% од настанатите уринарни инфекции се поради лошо поставен катетар или поради ненавремена промена на истиот. Во поликлиника Ла Вита оваа услуга ја вршиме со максимална посветеност.
Преку мерење на сатурацијата, всушност го мериме нивото на кислород во крвта. Процедурата е многу едноставна и нормалните вредности од 95-98%.
Главната задача на секој матичен доктор е дијагноза на настанатиот проблем кај пациентот, а потоа изнајдување на решение за истиот. Матичниот лекар има право да даде упат до специјалист, доколку смета дека има потреба или пак да го препише потребниот лек или третман за лекување на горенаведениот проблем.
Секој работен ден од 07 – 09ч наутро може да ги извршите сите видови на испитувања наведени на нашата веб страна.
Доста застапен вид на давање на терапија. Предноста на ваквиот начин за давање на лекови се брзото дејство на лекот кој се дава и истово е многу важно во ургентни состојби, или пак кога пациентот е во бессознание и лекот не смее да се дава орално.
Интравенска инфузија е администрација на големи количини на течност директно во вената. Обичнотоа е лек кој се администрира заедно со физиолошки раствор на носач, или пак мешавина на витамини и минерали доколку станува збор за дехидрација. Голема предност е што лекот кој е даден на овој начин, делува веднаш бидејќи се распространува во крвта многу побрзо.
Стопирањето на течењето на крв и чистење на раната е најдобар начин за спречување на понатамошни инфекции. Дозволете ова да го направат професионалци, за да бидете сигурни дека нема да има допонителни компликации.
Бесплатно мерење на крвен притисок во секое време за сите пациенти-Крвен притисок е притисок на крвта врз ѕидовите на крвните садови и е еден од основните витални знаци.Важен податок за оценката на здравствената состојба на човекот е вредноста на крвниот притисок. Се мерат овие две вредности Систолен притисок, што се наоѓа во текот на мускулната контракција на срцето, кој изнесува околу 120 милиметри живин столб (mm Hg).Дијастолен притисок, што се наоѓа во текот на олабавувањето на срцевиот мускул кој изнесува околу 80mmHg.Крвниот притисок се прикажува како сооднос на систолниот притисок и дијастолниот притисок, на пример 120/80mm Hg.Во поликлиника Ла Вита оваа услуга ја вршиме бесплатно за нашите пациенти.
Со овој тест се убрзува дијагнозата за акутен инфаркт. Се прави со две капки крв од прст, уво но може и од вена. Истиот може да се прави со крв, серум и плазма.




