ИНТЕРНА МЕДИЦИНА

Во оделот за Интерна медицина се извршуваат сите видови специјалистички прегледи кои ќе ви овозможат навремено откривање на некој здравствени проблеми и нивна превенција. Со овој преглед се покрива дијагностиката и третманот на одреден проблем, како и третирање на веќе дијагностицирани болести. Во поликлиника Ла Вита може да закажете интернистички преглед преку вашите матични лекари. Интернистичките прегледи се закажуваат преку ,, Мој термин '' интегриран национален систем за електронски закажување и евидентирање на прегледи. Термините за прегледи се креираат во тек на последниот работен ден во актуелната недела и се однесуваат за прегледи кои ќе бидат направени во текот на наредната работна недела. Поликлиника Ла Вита Ви овозможува и закажување на приватни интернистички прегледи со закажување преку телефонскиот број:
02 2 700 877.

interna medicina slika

ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ Е НАША ГРИЖА
ЗАКАЖИ ПРЕГЛЕД СЕГА

Електрокардиографија е стандардна метода за следење на работата на срцето. Процесот на испитување е безболен, со поставување на електроди на градите, рацете и нозете и резултатите се веднаш достапни. Се користи при систематски прегледи, како и при одредени индикации за да се одреди некакво нарушување при работата на срцето или инфаркт. После прегледот докторот прави анализа на резултатите и согласно нив дава одредена дијагноза.

Ехо на аброминални органи претставува дијагностичка процедура која се состои од преглед на органите во абдоменот, каде што визуелно може да се направи преглед на бубрези, црн дроб, жолчно ќесе, панкреасот, уринарен тракт (канали и бешика и простата кај мажите), тенко и дебело црево. За точна дијагноза се користи апарат кој со високо фрекфентни ултразвуци ги рефлектира органите во слика. При прегледот пациентот треба да е во легната позиција, и се аплицира гел на делот каде што се наоѓа органот за пренос на ултразвуците. Најчесто ехото се користи за дијагностицирање на камења на бубрези, жолчка или мочен меур, оток на пределот на абдоменот, бубрежна инфекција, оштетување на црниот дроб, внатрешно крварење, појава на тумори и цисти, болести кај панкреасот итн.

ЕХО на тирoида (штитна жлезда) е ултра звучна дијагностика за навремено откривање на промени кај штитната жлезда како намалена или зголемена функција како и при постоење на струма (гуша) и постоење на чворови (јазли). Целта на тироидната жлезда е создавање, чување, и ослободување на тироидните хормони во крвта и поради тоа е многу важно навремено испитување. Ехото на тироидеа е безболно испитување, која се изведува во регијата кај вратот, каде што и се наоѓа тиоридната жлезда.

Со овој тест се убрзува дијагнозата за акутен инфаркт. Се прави со две капки крв од прст, уво но може и од вена. Истиот може да се прави со крв, серум и плазма.