Домашната посета е облик на грижа и помош на болните во вашиот дом. Тимот на Поликлиника Ла Вита е мобилен и подготвен да дојде во Вашиот дом.
При домашната посета се третираат општи состојби, при што се прави комплетен преглед.
Нашиот тим е составен од доктор, медицинска сестра/техничар и возач. Дел од услугите кои ги нудиме се консултативен преглед од доктор, давање терапија (орална, с.к. и интрамускулна), апликација на инфузија, третман на постоперативни рани, мерење на крвен притисок, промена на уринарен катетар, медицинска преврска, вадење на примерок за крв за лабараториска анализа итн.